Европска турнеја на Џозеф Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден се очекува да разговара за граѓанската војна во Сирија за време на турнејата низ три европски земји во наредните неколку дена. Бајден денеска ќе допатува во Германија, каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел, а утре ќе учествува на Безбедносната конференција во Минхен. Тој ќе се сретне и со лидерот на сириската опозиција Моаз ал Хатиб, меѓународниот мировен пратеник за Сирија Лахдар Брахими и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Разговорите на Бајден за Сирија доаѓаат по зголемувањето на загриженоста за прелевање на конфликтот и во други земји по израелскиот напад на нејзина територија.
Бајден за време на европската турнеја треба да ги посети и Франција и Велика Британија.