Мексико: 14 загинати во експлозија во нафтена компанија

Во експлозијата во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија Пемекс загинале 14 лица, а околу 100 биле повредени. Властите страхуваат дека бројот на жртвите може да биде зголемен, бидејќи има десетици луѓе затрупани под урнатините или во оштетената 52-катна зграда на Пемекс.
Според првичните информации, кулата е оштетена од експлозијата во приземјето на соседната административна зграда. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.