Грчки медиуми: на маса е едно име, се чека конкретен предлог

Грчките медиуми, за средбата на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, ја пренесуваат изјавата на Нимиц дека преговарачкиот процес во рамките на ОН за прашањето за името продолжува и оти наскоро ќе се одржат нови средби.
Агенцијата истакнува дека Нимиц рекол оти „нема ништо конкретно“, дека е разговарано за „тешки прашања“ и за „суштината на проблемот“ и оти „постои зголемен меѓународен интерес, од ОН, САД и ЕУ“.
Според дипломатски извори, на поединечните состаноци и на заедничката средба Нимиц „не претставил нови елементи и неговите позиции се движеле во веќе познатите рамки“.

Според весникот „Етнос“, изборот во март да се одржат нови средби е поврзан со распоредот што го направи еврокомесарот за проширување Штефан Филе, „кој е пријател на скопјаните“, и кој во март ќе подготви „привремен извештај за напредокот на преговорите под покровителство на Нимиц. Според тој извештај министрите за надворешни работи на ЕУ во јуни ќе треба да решат за барањето на Македонија за почеток на пристапните преговори со Унијата“.

„То Вима“ пак повикувајќи се на „некои информации“, пишува дека на маса е најмалку едно име за кое медијаторот се обидува со разни формули да ги премости разликите меѓу Атина и Скопје. Според То Вима, на наредбата средба Нимиц треба да поднесе „некаков предлог“.

Според „Катимерини“, позициите на двете земји се кристализирале и медијаторот подвлекол дека двете страни напорно работат за да се утврди дали може да се постигне договор