Французите ќе гасат светло во бизнис и шопинг зградите

Француското министерство за екологија соопшти дека сите продажни и бизнис згради ќе треба да гасат светло навечер еден час откако последниот работник ќе си замине.
Целта е да се штеди енергија и да се заштити животната средина.
Имено, според министерството, оваа мерка која важи од 1 Јули и ќе донесе заштеда еднаква на годишна потрошувачка на 750 илјади домаќинства.