Хејгел денеска ќе сведочи пред Сенатот

Чак Хејгел .

Поранешниот сенатор од Небраска Чак Хејгел денеска ќе сведочи пред Комитетот за вооружени служби во Сенатот, како дел од обидот да стане следниот секретар за одбрана на САД. Во пресрет на претресот, Хејгел изјави дека неговото искуство од Виетнам ќе му помогне во обликувањето на сите идни одлуки поврзани со тоа дали да се употребат американските воени сили. Хејгел, сепак, се соочува со опозицијата, главно со некои членови на неговата Републиканска партија. Противниците на Хејгел му замеруваат за некои изјави од минатото поврзани со Израел, Иран, геј правата и влијанието на „еврејското лоби“, коментари за кои тој се извини. На противниците исто така не ми се допаѓа неговата поддршка за намалување на нуклеарното оружје.