Попоски - Македонија може да му понуди многу на рускиот бизнис

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на вчерашната средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва.

Македонија може да му понуди многу на рускиот бизнис, изјави денеска во Трговско-индустриската комора на Русија македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Тој ги презентираше можностите за водење бизнис во Македонија пред претствниците од повеќе руски компании заинтересирана за инвестиции и
соработка. Попоски денеска во Москва имаше и неколку одделни средби со претставници на руската бизнис заедница кои се заинтересирани за деловна соработка со Македонија.