Барање за високи казни за полицајците што убија демонстранти во Тирана

Погреб на еден од убиените демонстранти на 22 јануари 2011 година.

Обвинителите побараа од судот да одреди високи казни за двајцата полицајци обвинети за убиство на четворица демонстранти за време на насилните протести пред две години во Албанија. Обвинителството бара казни затвор од 23 и 25 години за обвинетите полицајци. Третиот полицаец кому му се судеше ослободен од обвинението за прикривање докази. Демонстрантите се убиени во јануари 2011 година за време на демонстрациите против наводната корупција во Владата на премиерот Сали Бериша и кражба на гласови, кои ги организираше опозициската Социјалистичка партија.