Орав - Политичките лидери да најдат излез од кризата

Архивска фотографија: Евро-амбасадорот Аиво Орав.

Важно е политичките лидери во земјата да најдат заеднички јазик и заеднички начин за излез од сегашната политичка криза, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав, одговорајќи на новинарско прашање дали актуелните политички случувања ќе влијаат на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

„Вашата земја има богата историја. Понекогаш соседите оваа историја поинаку ја интерпретираат. Но, она што е многу важно е поглавјето од историјата што ќе се пишува денес и во следните недели да биде позитивно“, рече Орав, кој денеска ја посети општина Арачиново.