ЕК со критики за демократијата и владеењето на правото во Романија

Европската комисија ја критикува Романија за неуспехот целосно да обезбеди заштита на демократијата и на владеењето на правото. Во извештајот на Комисијата се наведува дека властите во изминативе месеци се труделе да се држат до Уставот, но дозволиле да продолжи политичкиот притисок врз судството. Пред шест месеци Комисијата идентификуваше 10 области во кои Романија не ги исполнува стандардите на ЕУ. Портпаролот на ЕУ Марк Греј изјави дека Комисијата добила „бројни извештаи за „вознемирување и заплашување на поединци“ во важни институции. ЕК ќе објави уште еден извештај кон крајот на годинава.