СДСМ утре на „граѓански парламент“ пред Собранието

Архивска фотографија. Марш на опозицијата.

Опозицискиот „Сојуз за иднината“, предводен од СДСМ, денеска повторно блокираше три крстосници во Скопје од 12 до 12 и 30 часот. Пратеничката Весна Бендевска најави дека утре наместо блокадите што се одржуваат на „Партизанска“ пред Симпо, кај мостот „Гоце Делчев“ и кај Стара Рампа, ќе организира граѓански парламент, со почеток во 12 часот пред Собранието. Го организираат граѓанскиот парламент бидејќи за утре е најавена собраниска седница за пратенички прашања.