МОСТ за набљудувањето на изборниот процес

Во рамки на проектот „Домашно набљудување на Локалните избори 2013“, Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ќе соопшти детали околу набљудувањето на изборниот процес и на гласањето на 24 март и 7 април годинава. Ќе биде упатен и јавен повик за пријавување на набљудувачи за Локалните избори 2013. Воедно ќе биде промовирана и кампањата „Кликни и провери“ чија цел е подигнување на свеста кај младите гласачи за проверка во Избирачкиот список пред претстојните локални избори.