Расте бројот на жртвите од пожарот во Бразил

Бројот на жртвите од пожарот во ноќниот клуб во Бразил се искачи на 235, откако 21-годишно момче починало од тешки изгореници. Повеќе од 100 луѓе остануваат во болница со тешки повреди. Четири лица се уапсени во врска пожарот, вклучувајќи ги и двајцата сопственици на клубот и пејачот на бендот кој настапувал таа вечер. Бендот е обвинет за користење на пиротехнички материјали што го предизвикалале пожарот. Полицијата соопшти дека огнометот бил наменет за надворешна употреба.