Египетскиот лидер во посета на Германија

Египетскиот претседател Мохамед Морси

Египетскиот претседател Мухамед Морси денеска ќе ја посети Германија со цел да побара странски инвестиции и да ја убеди Европа во неговиот демократски кредибилитет. Посетата на Морси доаѓа по неодамнешните немири во Египет. Морси прогласи вонредна состојба во три градови по должината на бреговите на Суецкиот канал. Тој презеде акција во која загинаа повеќе од 50 лица во деновите на немирите кои се совпадна со две-годишнината на египетската револуција. Критичарите го обвинуваат египетскиот лидер дека направил предавство на револуцијата. Неговите поддржувачи велат дека демонстрантите сакаат да го соборат првиот демократски избран лидер, кој беше поздравен од Муслиманското братство. Морси требаше да ја посети и Франција, но патувањето го откажа поради кризата во земјата.