Продлабочена енергетската соработка меѓу Русија и Венецуела

Русија и Венецуела ќе ја продлабочат својата енергетската соработка. Ова го соопшти главниот извршен директор на руската енергетска компанија Роснефт, Игор Сечин. Тој изјави дека компанијата планира да инвестира околу 10 милијарди долари во Венецуела и во наредните години. Претставници од двете земји во Каракас потпишаа пет документи и ги објавија проектите за производство на оф-шор природен гас и нафта, како и создавање на нова заедничка компанија за купување на руски нафтени дупчалки. Венецуелскиот министер за нафта Рафаел Рамирез изјави дека компаниите од Русија и Венецуела планираат да инвестираат речиси 47 милјарди долари во наредните шест години.