Доживотен затвор за Ирачанец поради тероризам

Ирачанец кој се изјасни за виновен за обвиненијата поврзани со тероризам е осуден на доживотен затвор во јужно-американската држава Кентаки. Окружниот судија го осуди 25-годишниот Мохан Хамади, само неколку часа откако 30-годишниот соработник Бад Рамазан Алван од Кентаки доби помала казна за неговата соработка со обвинителите, по неговото апсење во мај 2011 година. Хамади и Алван се изјаснија за виновни минатата година поради заговор да се испрати оружје, пари и експлозиви на Ал-Каеда во Ирак.