Можен јапонско-кинески Самит за намалување на тензиите

Јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека Самит со Кина може да помогне за подобрување на односите меѓу двете земји кои со месеци се влошуваат. Претседателот на Комунистичката партија на Кина Кси Џинпинг минатата недела му рекол на јапонскиот пратеник дека е посветен на развој на билатералните односи меѓу двете земји и дека размислува за одржување Самит. Сепак, во денешниот говор пред членовите на Политбирото на кинеската Комунистичка партија, тој повтори дека Кина никогаш нема да направи компромис за нејзиниот суверенитет. Јапонија и Кина со години имаат спор за сопственоста врз група острови во Источното Кинеско Море, но односите меѓу Токио и Пекинг се заострија пред неколку месеци кога јапонската влада купи три од островите од човекот што ги поседуваше.