Застрелан осомничен атентатор во Кабардино-Балкарија

Полицијата врши увид на местото на убиството на познатиот телевизиски новинар Казбек Гекиев во Налчик на 6 декември 2012 година.

Осомничениот за убиствата на познат новинар и универзитетски ректор во руската Република Кабардино-Балкарија на северен Кавказ бил убиен во специјална операција во главниот град Налчик, соопшти полицијата. Убиенот 30-годишен Зејтун Бозијев беше осомничен за минатомесечните убиства на познатиот телевизиски новинар Казбек Гекиев и на ректорот на Земјоделскиот универзитет Борис Жеруков, кој беше и претседател на локалниот огранок на владејачката партија Единствена Русија. Исламистичките милитанти често напаѓаат функционери и полицајци во севернокавкаските републики Кабардино-Балкарија, Чеченија, Ингушетија и Дагестан.