Шеќеринска - Експертска комисија само дел од решавањето на кризата

Формирањето експертска комисија што ја предлага претседателот Ѓорге Иванов може да биде само дел од решавањето на политичката криза, но не и потег за спасување од одговорност на оние што допринеле за настаните од 24 декември, рече пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ на денешните опозициски протести во Скопје. Таа вели дека кризата може да се реши со предвремени парламентарни избори, коишто заедно со локалните ќе се одвиваат според фер и демократски правила. Опозицискиот „Сојуз за иднината“, предводен од СДСМ, и денеска продолжи со блокирање на крстосници во Скопје изразувајќи незадоволство од настаните на 24 декември во и надвор од Собранието.