Самоубиствен напад во Сомалија

Најмалку шест луѓе загинале во денешниот напад на бомбаш самоубиец пред кабинетот на сомалијскиот премиер Абди Ширдон Саид во Могадиш. Премиерот, според владини извори, иако за време на нападот бил во кабинетот, не бил повреден. Во Сомалија зачестија ваквите напади откако војската и силите на Африканската унија пред две години ги истераа исламските бунтовници.