Втор ден прекин на железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија денеска е во прекин откако вчера попладне машиновозачите стапија во штрајк. Причина за штрајкот, според Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт, е нередовната исплата на платите и ненавременото добивање сини картони. Синдикатот вчера почна преговори со ресорното Министерство и најави дека штрајкот ќе трае се додека не се исполнат поставените барања. Кон одлуката за штрајк на Независниот синдикат се приклучија и други синдикати во МЖ Транспорт.