Враќање на контингент на АРМ од Авганистан

илустрација

Во касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада што учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. „Леопардите“во изминатите шест месеци беа задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.