ЕК ја поддржува иницијативата на претседателот за експертска комисија

Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за прошриување Штефан Филе.

Европската комисија целосно ја поддржува иницијативата на претседателот Ѓорге Иванов за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, но и за настаните кои претходеа и ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ внимателно да го разгледаат овој предлог. Ова го соопшти денеска портпаролот на еврокомесарот за прошриување Штефан Филе, Петер Стано, јавува МИА.

Опозицискиот СДСМ на неговата изјава реагира дека иницијативата за формирање на „експертска комисија“ нема никаква смисла без претходен политички договор за предвремени парламентарни избори.

Премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска соопштија дека ја прифаќаат иницијативата на претседателот Иванов. Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски вчера го одби предлогот на Иванов.