Штрајк на машиновозачите, железничкиот сообраќај во прекин

Архивска фотографија.

Железничкиот внатрешен сообраќај од попладнево е во прекин, поради штрајк на машиновозачите. Претседателот на Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт, Латко Јовановски рече дека Синдикатот бара редовна исплата на платата, навремено добивање сини картони и повлекување на тужбите против машиновозачи. Тој рече дека штрајкот ќе трае додека не се исполнат нивните барања, а од синдикатот велат дека вечерва ќе имаат средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.