Уништени илјадници антички ракописи во Мали

Војници на Мали во близина на Тимбукту.

Градоначалникот на градот Тимбукту во Мали изјави дека исламистичките бунтовници при повлекувањето од градот ја запалиле библиотеката во која имало збирка на антички ракописи. Градоначалникот Усман Хале-Сисе оцени дека тоа е катастрофа и дека изгореле илјадници антички ракописи од областа на културата, науката и географијата. Француските сили денеска соопштија дека ја презеле контролата врз аеродромот и главните патишта што водат до Тимбукту. Тие соопштија дека армијата на Мали ќе влезе во поранешното упориште на исламистите и дека целта е да се избегнат борби во градот заштитен како културно наследство од страна на УНЕСКО.