Претседателот Иванов во официјална посета на Катар

Архива

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска на покана од катарскиот емир Шеик Хамад бин Калифа ал Тани престојува во дводневна посета на Државата Катар.
Шефот на македонската држава и емирот aл Тани на средбата во Доха ќе разменат мислења за досегашните билатерални односи и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Фокусот на разговорите ќе биде ставен врз можностите за развивање на соработката во економијата.
За време на посетата предвидно е потпишување меморандуми за разбирање во областа на туризмот и за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Катар.