Вашингтон бара од Техеран да го ослободи Абедини

Саед Абедини

Американскиот Стејт Департмент потврди дека иранските власти го осудиле американскиот христијански пастор на 8 години затвор.
Портпаролот Дарби Холадеј изјави дека Вашингтон го повика Техеран да ги почитува човековите и религиозните права на Саед Абедини и да го ослободи.
Абедини е осуден за нарушување на иранската безбедност затоа што креирал мрежа на христијански цркви во приватни домови. Абедини е американски граѓанин од иранско потекло.