Дачиќ:Србија нема претензии кон Македонија

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој од синоќа е во посета на Македонија, денес ќе има средба со премиерот Никола Груевски, на која ќе разговараат за економската соработка, процесот на евроинтеграцијата и како и за безбедносни прашања, јавуваат српските медиуми. Дачиќ во пресрет на официјалната средба синоќа изјави дека Србија нема никакви претензии кон Македонија туку напротив сака и натаму да биде најдобар пријател. Дачиќ и Груевски по прославата на денот на Свети Сава кој синоќа беше одбележан со Свечена академија во Македонската опера и балет најавија дека ќе се заложат за унапредување на односите меѓу двата пријателски народи и др жави.
Според најавената агенда, освен политичките разговори, Дачиќ ќе положи цвеќе на спомен-обележјето на паднатите борци, а членови од неговата делегација ќе се сретнат со министерот за информатичко општество Иво Ивановски.