Морси прогласи вонредна состојба во три града

Египетскиот претседател Мухамед Морси прогласи 30 дневна вонредна состојба во три египетски града поради дводневните немири кои настанаа во Порт Саид при кои 4 луѓе загинаа а стотици се ранети. Тој во своето телевизиско обраќање изјави дека со новите мерки ќе се воведе полициски час во Порт Саид, Исмаилиа и Суец, и вети дека денеска ќе започне дијалог со политички фигури за надминување на настанатата криза.
До немирите дојде по погребот на 33 луѓе што беа убиени вчера и завчера во протестите што избувнаа откако судот во Каиро осуди 21 луѓе на смрт за учество во тепачка на фудбалски стадион во Порт Саид во февруари.
Полицијата употреби солзавец да ги растури демонстрантите кои се обидоа да упаднат во полициски станици. Демонстрантите запалија еден воен клуб.