Нова истрага за инцидент во Аргентина

Бомбардирањето на еврејската населба во Буенос Аирес во 1994 година при кое загинаа 85 луѓе

Иран и Аргентина постигнаа договор за воспоставување на независна комисија која ќе го истражува бомбардирањето на еврејската населба во Буенос Аирес во 1994 година при кое загинаа 85 луѓе. Аргентинскиот претседател Кристина Фернандез изјави дека комисијата ќе биде составена од правни експерти кои нема да бидат по потекло од Иран и Аргентина. Тие ќе ги анализираат доказите и ќе наведат препораки за тоа како ќе треба да се води случајот.
Иран до сега честопати негираше каква било вмешаност во бомбардирањето и не дозволи Иранците кои беа осомничени да бидат испрашувани. Аргентинските обвинители за инцидентот го сомничат за актуелниот министер за одбрана во Иран Ахмад Вахиди. Договорот меѓу двете држави треба да биде одобрен во Парламентите од двете страни.