Нетанјаху во обид да формира „широка и стабилна“ коалиција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе се обиде да формира „широка и стабилна“ коалиција по парламентарните избори минатата недела. Се очекува Нетанјаху наскоро и официјално да го добие мандатот за формирање влада од претседателот Шимон Перез. На седница на владата, Нетанјаху рече дека Израел се соочува со сериозни закани, вклучувајќи ги тука хемиското оружје од Сирија и нуклеарната програма на Иран и дека само силна коалиција може да се справи со нив. Претходно, вицепремиерот Силван Шалом изјави дека минатата недела Нетанјаху одржал состанок зад затворени врати на кој се разговарало за хемискиот арсенал на Сирија. Тој рече дека се подготвени плановите за воена акција во случај сириската влада да изгуби контрола врз нејзиното хемиско оружје.