Опозицијата домаршира пред зградата на премиерот Груевски(ВИДЕО)

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Опозицијата домаршира пред зградата на премиерот Груевски

Неколку илјади луѓе излегоа на денешните опозициски протести во Скопје. Маршот за, како што велат од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, вистината против партиско – полициската држава, требаше да заврши пред МВР, но демонстрантите не можеа да стигнат до таму поради полициските блокади, па го завршија на раскрсницата неколку стотини метри пред МВР, во близина на домот на премиерот Никола Груевски. Опозицијата бара предвремени парламентарни избори заедно со локалните.