„Патриот“ во Турција во оперативна готовност

Првата батерија со ракетите од типот Патриот кои НАТО ги распореди долж турската граница со Сирија е подготвена за акција, соопшти денеска Главната команда на НАТО во Монс. НАТО на барање на Турција распореди шест такви батерии, а се очекува и останатите пет наскоро да бидат оперативни. Во соопштението се нагласува дека ракетите имаат исклучително дефанзивна улога во одбраната на Турција од акции на сириската армија, и нема да се користат за какви било напади или за поддршка на забраната за летање за кои се залагаат одреден број држави.