Министерство за здравство:Реформите ли се плацебо?

Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров пуштаат во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Дали е плацебо реновирањето на здравствените установи и градењето на нови како што се “8ми Септември“, специјалната болница за гинекологија-Чаир, специјалната детска болница-Козле? Ова прашање е наведено во реакцијата на министерството за здравство за текстот на Радио Слободна Европа со наслов „ Здравството се лечи со плацебо.“ Во продолжение на реакцијата се вели „ Согласно текстот и изградба на нов клинички центар е плацебо, само навистина не интересира од каде се влече значењето на зборот "плацебо".“ Министертвото за здравство смета дека здравството ќе биде многу подобро за некои од соговорниците во емисијата ако пак можат, како што е наведено во рекацијата, „ монополски да се здружуваат и на тој начин безмилосно да ги цицаат парите на граѓаните. А што беше тоа антимонополска управа, тоа сигурно никој не знаеше!“
Во продолжение е наведено дека министерството знае оти соговорниците ги боли тоа што цената на лековите е намалена и дека, како што тврди министерството, дека не можело повеќе да се прават монополски договории и на тој начин договорено и сложно да се богатат.
Меѓу другото во реакцијата е наведено потсетување на инвестицијата од 100 милиони евра во медицинска опрема.