Приведени студенти во Турција на протест против Ердоган

Илустрација

Турската полиција денеска приведе 18 студенти, кои протестираа во Истанбул против премиерот Реџеп Таип Ердоган. Протестот беше организиран пред почетокот на церемонијата за одбележување на 130 години од постоењето на Универзитетот Мармара, на која учествува и Ердоган. Демонстрантите носеа пароли против Ердоган, како и против распоредувањето на ракетите „Патриот“ во Турција.