Заострени односи меѓу Индија и Пакистан

Индија го одбележа Денот на Републиката со тивко предупредување од Пакистан, по крвавите гранични судири меѓу двете страни. Индискиот претседател Пранаб Микерџи во своето обраќење кон нацијата истакна дека Индија секогаш е подготвена да понуди рака за пријателство.Тој додаде дека не треба таа рака да се земе здраво за готово. Забелешките доаѓаат по судирите кои настанаа минатата недела во близина на Кашмир. Пакистан и Индија од 1947 година на три пати војуваа од кои две војни се однесуваат за областа Кашмир за која и двете страни тврдат дека е нивна.