Гејтнер ја напушти администрацијата на Обама

Американскиот секретар за финасии Тимоти Гејтнер и официјално го напушти кабинетот на американскиот претседател Барак Обама. Гејтнер се симна од функцијата откако помина 4 години на таа позиција. Обама на таа позиција го назначи Џек Лу, кој досега ја извршуваше функцијата шеф на кабинет во Белата Куќа. Номинацијата на Лу се очекува деновиве да биде одобрена од Сенатот. Гејтер беше клучна фигура во административните напори за надминување на економската криза во САД која настана во 2008-мата година .