Попоски се сретна со новиот шеф на грчката Канцеларија Лалакос

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими во протоколарна средба новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, амбасадорот Теохарис Лалакос. „Министерот изрази подготвеност за унапредување на односите и соработката со Грција во сите сфери од взаемен интерес, во насока на надминување на предрасудите и зајакнување на меѓусебната доверба. Во тој контекст министерот Попоски посочи конкретни иницијативи како размена на дипломати помеѓу двете министерства и продлабочување на соработката во областа на образованието и културата“, се вели во соопштението од МНР.