Собири и протести на 2 годишнината од египетското востание

Мухамед ел Барадеј

Подржувачите и опонентите на актуелната влада на Египет се собираат во повеќе градови на земјата за да ја одбележат втората годишнина од востанието во кое од власт беше симнат Хосни Мубарак.
Опозициониот лидер Мухамед ел Барадеј упати апел дека револуцијата мора да биде целосно завршена.
Опозицијата се собира на плоштадот Тахрир во Каиро местото каде се роди револуцијата а каде синоќа дојде до судири со полицијата.