Украина потпиша огромен договор со Ројал Дач Шел

Ukrainian Energy Minister Eduard Stavitsky , Ukrainian President, Viktor Yanukovych, Dutch Prime Minister Mark Rutte and Shell CEO Peter Voser shake hands in Davos, 24Jan2013

Украина потпиша договор со нафтената компанија Ројал Дач во вредност од најмалку 10 милијарди долари што е потенцијално најголема странска инвестиција досега во земјата.
Договорот го потпиша украинскиот претседател Виктор Јануковиќ на маргините на Светскиот Економски Форум во Давос. Според договорот, на гасното поле Језивска ќе биде поставена контроверзната нова технологија за хидраулично фрактуирање. Се верува дека Украина има 1,2 билијарди кубни метри резерви на гас, трети по големина во Европа.
Според групи за заштита на животната средина, хемикалиите кои се користеле при новата технологија се закана за околината, но индустрискиот сектор ова го негира.