Лановји:Украина е пред „финансиска катастрофа“

Поранешниот украински министер за економија, Володимир Лановји рече дека Украина би можела да се соочи со сериозна опасност во 2013 во врска со нејзините странски позајмувања. Во интервју за украинскиот сервис на Радио Слободна Европа тој изјави дека девизните резерви на националната банка паднале на 25 милијарди долари. Тој рече и дека околу 10 милијарди долари од девизните резерви биле потрошени во 2012 за да се подмири домашната побарувачка за долари и дека државата се соочува со барање за исплата на долговите кон домашните приватни инвеститори во висина од 9.3 милијарди долари во нареднава година.