Зврлески даде свечена изјава во Собранието

Државниот јавен обвинител Марко Зврлески даде свечена изјава во Собранието на 24 јануари 2013 година.

Новиот државен јавен обвинител Марко Зврлески денеска во Собранието даде свечена изјава и рече дека јавното обвинителство е кадровски доволно силно да се справи со сите предмети. Државниот јавен обвинител рече дека негов приоритет во идниот период ќе бидат подобрувањето на општествената положба на јавните обвинители и унапредување на работата на јавното обвинителство.