Србите од севернo Косово ги блокираат патиштата кон Брњак и Јариње

Архивска фотографија.

Србите од северниот дел на Косово денеска ги блокираа патиштата кон премините Брњак и Јариње, со цел да спречат пристап на косовски цариници. На патот Косовска Митровица-Рашка, кај местото Рударе, жителите со бетонски коцки го блокираа патот кон Јариње. Сообраќајот се одвива забавено и дозволен е премин на цивилни возила, како и возила на Еулекс и КФОР. Според изјавите на демонстрантите преминот ќе биде забранет само за косовските цариници. Блокиран е и патот Косовска Митровица-Рибарич во општина Зубин Поток. Тој пат води кон преминот Брњак. Србите од северниот дел на Косово изразија стравување дека доаѓањето на косовските цариници ќе почне и наплата на даноци на премините Брњак и Јариње. Тие истакнуваат дека не сакаат да плаќаат даноци на Приштина или други фондови, како и да биде вратен стариот систем на Србија.