Финале: Азаренка-Ли

Викторија Азаренка лани победи на турнирот

Во финалето на отвореното првенство на Австралија во Мелбурн во женска конкуренција ќе играат Викторија Азаренка од Белорусија и На Ли од Кина.
Во полуфиналните натпревари што се играа рано изутрината по средноевропско време, Ли ја совлада русинката Марија Шарапова со 2:0 (6:2,6:2), а бранителката на трофејот од минатата година Азаренка беше подобра од американската тинејџерка Слоун Стивенс исто така со 2:0 (6:1,6:4).
Финалето ќе се игра в сабота.