Немири во Азербејџан

Илјадници луѓе протестираа во Азербејџан, палејќи автомобили и згради, вклучувајќи еден хотел и резиденцијата на локалниот гувернер. Дописниците на радио Слободна Европа јавуваат дека властите имаат испратено дополнителни полициски сили по немирите во средата вечер во регионот Исмаили, околу 150 километри северозападно од главниот град Баку. Демонстрантите бараа оставка на локалниот гувернер, Низами Алекберов. Немирите наводно биле предизвикани од сообраќајна несреќа, во која бил и сопственикот на Чираг хотелот. Властите ги игнорирале повиците од страна на локалните жители да се затвори на хотелот, кој важи за место каде работи бордел. Хотелот е запален за време на немирите. Тоа е втор голем протест во недела во Азербејџан. На 19 јануари, полицијата се судри со дуќанџиите кои блокираа автопат во знак на протест за зголемувањето на кириите во најголемиот шопинг центар во земјата.