Турција побара, НАТО распореди одбранбен систем во Турција

НАТО соопшти дека викендов ќе започне со активирање на своите патриот ракетни одбранбени системи кои се распоредени во Турција по должината на границата со Сирија. Британскиот бригаден генерал Гери Декин изјави дека Патриот проектилите испратени од САД, Германија и Холандија пристигнале во Турција и во моментов се распоредени во јужниот дел на земјата. Тој соопшти дека холандските батерии се подготвени за употреба овој викенд. Се очекува целиот систем за одбрана да биде целосно искористен до крајот на месецов. Турција како емја членка на Алијансата побара од НАТО во ноември итно распоредување на „патриот проектили“ за зајакнување на нејзината воздушна одбрана поради стравувањата за прелевање на конфликтот Сиријa на нејзина територија.