Филе ненајавено во посета на Скопје

Архивска фотографија.

Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено дојде во Македонија на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Делегацијата на ЕУ во Скопје соопшти дека на средбите биле разгледани подготовките за Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија.

„Комесарот имаше корисни разговори со своите соговорници. Комесарот Филе ќе се врати во Скопје во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, се наведува во кусото соопштение од Делегацијата на ЕУ во Македонија.