Изборите во Израел, нерешено

Бенјамин Нетанјаху

Парламентарните избори во Израел завршија нерешено. Политичкиот блок на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите ривали, партиите од центарот и ливицата, освоиле по 60 пратеници во Кнесетот во кој има 120 места. Станува збор за неофицијални резултати од скоро сите пребројани гласови. Ова, според аналитичарите, ќе го отежне формирањето нова влада. Нетанјаху пред три месеци распиша предвремени избори, надевајќи се на лесна победа. Најголемо изненадување претставува новата партија Јеш Атид која освои повеќе мандати од очекуваното. Оваа партија најави дека ќе влезе во владата само ако има сериозни напори за продолжување на мировните преговори со Палестинците. Во досегашниот мандат на премиерот Нетанјаху преговорите беа суспендирани.