Избори во Јордан, опозицијата бојкотира

Денеска во Јордан ќе бидат одржани парламентарни избори, кои ќе бидат бојкотирани од страна на Муслиманското братство и други опозициски партии. Јорданскиот крал Абдула изјави дека изборите претставуваат пресврт во процесот на демократски реформи кои тој ги почна пред две години за време на немирите во регионот кои беа наречени „Арапска пролет“.
Опозицијата ги бојкотира изборите во знак на протест поради изборното законодавство за кое тврди дека ги фаворизира племенските водачи и лојалистите на режимот, на сметка на политичките партии.
И покрај бојкотот на исламистите, околу 70 проценти од вкупно 3 милиони гласачи се регистрирани дека ќе излезат на денешното гласање.