Останките на Петар II Караѓорѓевиќ вратени во Србија

Архивска фотографија: Враќање на останките на принцот Павле Караѓорѓевиќ во Србија.

Останките на последниот југословенски крал Петар II Караѓорѓевиќ, кој почина пред повеќе од четири децении во егзил, се вратени во Србија. Ковчегот со останките беше пречекан на белградскиот аеродром со сите воени почести. На церемонијата присуствуваше премиерот Ивица Дачиќ. Петар II Караѓорѓевиќ избега во Лондон во 1941 година по нацистичката инвазија на Југославија. Во 1945 година, комунистите прогласија Република и му забранија враќање во земјата. Последните денови од животот тој ги помина во САД.