Опозицијата продолжува со протестите

Архивска фотографија.

Опозицискиот „Сојуз за иднината“, предводен од СДСМ, и денеска ги блокираше крстосниците кај Тутунскиот комбинат, меѓу мостот Гоце Делчев и Владата, како и раскрсницата на Партизанска и Рузвелтова, односно кај „Симпо“. Тие бараат распишување на слободни и фер предвремени парламентарни избори. Во меѓувреме, за излез од актуелната политичка криза денеска разговараат лидерите на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски.